. (ВИДЕО) Американски музичари протестираат затоа што Холивуд снима музика во Македонија!
(ВИДЕО) Американски музичари протестираат затоа што Холивуд снима музика во Македонија!

(ВИДЕО) Американски музичари протестираат затоа што Холивуд снима музика во Македонија!

На еден ден пред закажаната премиера на филмот „Draft day“ со Кевин Костнер и Џенифер Гарнер во главните улоги, американските студиски музичари во Лос Анџелес одржаа несекојдневен протест затоа што музиката на филмот била снимена во Македонија. Незадоволството на музичарите кулминирало затоа што Lionsgate Entertainment, филмското студио кое стои зад овој филм, добило даночни олеснувања од американската сојузна држава Охајо во износ од 4,9 милиони американски долари за да го снима филмот токму таму. Но, во фазата на постпродукција, студиото се одлучило музиката воопшто да не ја снима во САД, туку да му ја довери на македонскиот симфониски оркестар „Фејмс“ наместо на некои од членовите на Американската Федерација на Музичари (АФМ). „Разумно е да се очекува, ако не и да се инсистира, одреден обем на работа во постпродукцијата, вклучувајќи ја и музиката, да се изведува на истото место од каде што се добиени стимулации или даночни олеснувања. Ние сме тука да не дозволиме оваа пракса да продолжи“, вели Пол Франк, директор во АФМ. Според оваа организација, ангажирањето на македонскиот оркестар оставило без работа повеќе од 100 американски музичари. „Во зависност од бројот на работни денови што ги бара филмот. може да имате и сттина луѓе кои ќе работат на него. Во случајов, целата работа беше завршена во странство, со странски работници и за плата под стандардите“, реагира АФМ. Слични протести како во Лос Анџелес музичарите организирале и во други американски градови, под мотото „Слушнете ваму!“ „Некои луѓе сметаат дека музиката паѓа од небо. Но не е така. Потребни се талентирани музичари за да направите музика. Кога земате пари од американските даночни обврзници, потпишувате да бидете дел од тој тим“, вели Глен Арнодо од синдикалната Федерација на трудот во областа Лос Анџелес, која го поддржа протестот. Незадоволните музичари не повикуваат на бојкот на филмот, но сепак својот протест го изразија свирејќи на улица и прикажувајќи ги своите празни кутии за музички инструменти. Еве како изгледаше тој протест: http://www.youtube.com/watch?v=Y3P_S_nZNqo Македонскиот симфониски оркестар познат како „Фејмс“ веќе има ангажмани во целиот свет, а го снимаше и специјалното симфониско дело кое го придружуваше спектакуларниот новогодишен огномет во Дубаи. Повеќе од 7 години филмска музика за престижни филмски проекти се снима во Македонија. Над 120 талентирани македонски музичари се дел од „Фејмс“ симфонискиот оркестар, зад кој стои француската продукциска компанија позната како „Маседониан мјузик & ентертејнмент“ (Macedonian music & entertainment). Меѓу големиот број успешно снимени музички проекти за многу холивудски филмови се и музиката за „Хемингвеј и Гелхорн“ во кој главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Клајв Овен, потоа документарниот филм за промоција на Италија, во режија на познатиот Франко Зафирели, во кој глумат познати актери, како што е култната Моника Белучи и многу други. Главниот фокус на оваа компанија е да привлече интернационални музички проекти од целиот свет, па како резултат на нивната неколкугодишна работа во Скопје досега соработувале на повеќе од 500 проекти со голем број престижни комапнии како: Дизни, ХБО (HBO), Ворнер Броз (Warner Bros), Парамаунт (Paramount), ЕМИ мјузик (EMI Music), Канал + (Canal+), Сони Пикчерс (Sony Pictures), Катинг еџ мјузик (Cutting Edge Music) и многу други http://www.youtube.com/watch?v=QXV4X12jfS4#t=14

Можеби ќе ве интересира

vivo го лансира новиот предводник во Европа, X80 Pro

Гаспром: Испораките на руски гас за Европа ќе паднат за околу 40 отсто оваа година

Ќе следува ли банкрот? Трите најголеми енергетски компании лани имаа загуба од 70 милиони евра.

Компаниите нагрнаа по панели, интересот драстично зголемен по поскапувањето на струјата

НЕ ОСТАНА ЧОВЕК ДА ЧИСТИ ПО СТАНОВИ И ФИРМИ - за убедливо најбараното занимање, хигиеничар на станбен и деловен простор, се слободни дури 666 работни места

Инфлацијата ги натера македонските работници да калкулираат пред да заминат во странство

УТРИНАВА СЕ „ЗАТРЕСЕ“ ЦЕЛИОТ СВЕТ, НИ ДОАЃА ЛИ ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА - сега „клекнуваат“ и најсилните, банките ја блокираат трговијата, пазарите се во ОПАСНО ЦРВЕНО

Порасна вредноста на доларот во однос на еврото

БЕКТЕШИ – ВЛАДАТА ГИ ОГРАНИЧИ ТРГОВСКИТЕ МАРЖИ, трговците не може да остваруваат ист профит како пред кризата

Најчитани вести

УТРИНАВА СЕ „ЗАТРЕСЕ“ ЦЕЛИОТ СВЕТ, НИ ДОАЃА ЛИ ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА - сега „клекнуваат“ и најсилните, банките ја блокираат трговијата, пазарите се во ОПАСНО ЦРВЕНО

Добро е што Ковачевски не оди во Киев, зашто Рама може на Зеленски на шега да му каже дека е премиер на Источна Албанија, вели Хајредини

Да се предадат или ќе умрат, сепаратистите велат дека Украинците во Северодоњецк немаат избор

Моравјецки: Има 40 милиони Полјаци во Полска подготвени да земат оружје во рака

СЕ „ТРЕСЕЛЕ“ ЌЕЛИИ ВО ИДРИЗОВО - НАЈДЕНИ ПАРИ, ДРОГА, МОБИЛНИ, НОЖЕВИ - дали затворот ги „поправа“ затворениците

Бајден ги вознемирува Украинците!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бислимовски соопшти дека на БЕГ ќе му бидат одземени сите три лиценци, имаме и ново поскапување на горивата

СТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД РУСИЈА - ЌЕ ИСЧЕЗНАТ ДВЕ ЗЕМЈИ! Еден потег може да доведе до НУКЛЕАРНА војна во централна Европа!

ЌЕ ДОБИЕ ЛИ ЗЕЛЕНСКИ НАСКОРО ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА - тројца европски моќници доаѓаат во Украина, И ИМААТ САМО ЕДНА МИСИЈА

📎📎📎📎📎📎📎📎📎📎